Saturday, June 24, 2006

Чисто да виам дал нешто се сменило у светот



Репринт: Interstellar post (serious issue)




Мене уствари гајле ми е за квасецот. Може да продолжи да си прави ништо седејќи така мирно у фрижидер. Али почиња да ме интересира една единствена работа у врска со него. У моментот коа ќе стане дел од тестото престануе да прави ништо и почиња да прави нешто. Можда иде у школо/кино, можда јаде/пие/спие, игра чочек на свадба, глеа вести 10 пути дневно.. било што. Мене уствари гајле ми е шо праи квасецот.. битно ми е да нарасне тестото.
..ви текнуе?

Уф, луѓето знаат да бидат извонредно глупи.

Сме дошле со упутство за употреба. Убаво пишуе тамо како што треба. За укључуење стисни го црвеното копче. Кој чита упутство денес.. па и вчера?? За укључуење компилација боксови и ластици. Епа, јебига. Така не иде.
You're being constantly observed.

Повеќето мисловни процедури почињаат и завршуваат некаде на зелено-плавава планета. Главата долу, раце у џеб, очи широко затворени, вртење у кругченце. Интересна ствар е како луѓето успејаа да си ко искомплицираат животот до Кентаур и назад.

Регуларниот хоризонт не е лимит. Што све има таму некаде? Не сте заинтересирани? Се плашите од непознатото? Не сакате да знаете повеќе? Да одите подалеку? А!?

..ако. Луѓето едноставно сакаат да ги маргинализираат прашањата на кои од оправдано неоправдани причини не успеале да изнајдат одговор. Малку се оние кои останаа да трагаат по сознанието.

Имате време..`и чело да стаите прст на него`.


0 comments:

Post a Comment